ПХВ недела од 21 до 27 септември
Според традиционалниот календар на Црвениот крст на РСМ, секоја година од 21 до 27 септември се одбележува “Недела на промоција на хумани вредности”. Целта на неделата е промоција на култура, мир, соживот, толеранција како и поттикнување на активизам помеѓу младите луѓе. Секоја година активноста е унифицирана и се спроведува на територија на целата земја, во секоја Општинска организација на Црвен крст. Оваа година, ќе се промовираат песни кои се напишани, аранжирани, компонирани и снимени од страна на нашите волонтери. Веќе еден меец младите го поминуваат креативниот процес на пишување преку кој треба да го опишат волонтирањето, помошта во заедницата, промените кои ги прават и добрината која ја шират.