јуни 26, 2024

ПХВ програма во Косово

Од 21 до 22 јуни 2024 година во Приштина, Косово, беше организирана работилница за евалуација на малите Промоција на хумани вредности (ПХВ) проекти во Косово кои во изминатите две месеци беа работени на терен од страна на 8 училишта.

Беа прегледани и евалуирани 25 мали проекти од кои 13 беа означени со сонце. Секој проект со сонце беше презентиран и пленарно гласан и одобрен од страна на секој инструктор.

Една од целите беше договарање за организирање на ПХВ пехарот во Косово, изработка на писма со препораки до секое училиште, изработка на дипломите за поголема мотивација на учениците, избор на структурата која следна година ќе ги врши обуките како и подготовка за ПХВ недела.

Програмата во 2024 година со помош на тимот од Црвен  крст на РСМ започна имплементација на програмата во Црвен крст Косово.

< врати се назад