Хуманитарна Помош 06.02.2015
Црвениот крст на Република Македонија во рамките на хуманитарната акција за обезбедување на помош за настараданото население од поплавените подрачја заклучно со денешниот ден 06.02.2015 ги презеде следните активности: – Дистрибуирана е хуманитарна помош 255 пакети храна, 1.229 пакети хигиена, 1.000 ќебиња, 145 тони вода, 80 душеци и 156 литри срестсва за дезинфекција. Со помошта се опфатени вкупно 400 семејства од поплавените региони во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, Кочани, Битола, Прилеп и Куманово. За време на викендот ќе бидат опфатени дополнително уште 200 семејства. -Преку мобилните телефони од T-mobile, One, VIP 070/075/077 143 400 обезбеденени се вкупно 2.950.000 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 150.000 денари. Исто така е понудена помош од националните друштва на Црвениот крст на Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Црна Гора. Црвениот крст на РМ упатува голема благодарност до компаниите и граѓаните за вклученоста и поддршката на хуманитарната акција.