Почитувани
Црвениот крст на Република Северна Македонија Ве информира дека активно ja следи ситуацијата по серијата земјотреси на 24.01.2020 година, кои го погодија источниот дел на Турција и предизвикаа најмалку 38 жртви, над 1600 повредени лица и големи материјални штети.
Согласно изјавите на потпретседателот на државата Фуат Октај и Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, засега не e потребна дополнителна меѓународна хуманитарна поддршка.
Црвениот крст на Република Северна Македонија е во комуникација со колегите од Турската Црвена полумесечина и е подготвен да одговори и понуди помош доколку биде потребна.
Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува сочувство за настраданите лица и нивните семејства од земјотресите.