септември 7, 2015

Почитувани,

Почитувани,

Црвен крст на град Скопје со поддршка на Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) активно е вклучен во поддршката на бегалците кои транзитираат низ нашата земја. Црвениот крст на терен е вклучен со 7 мобилни тима кои ги обезбедуваат двата гранични премини, во Гевгелија и во Табановце. Тимовите се составени од лекари и прамедикуси и членови на Црвениот крст кои одлично ја познаваат Првата помош. Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 41, а во целата операција се вклучени и 30 вработени од Црвен крст. Мобилните тимови се на терен 24 часа во три смени. Во период од 04-06 септември дистрибуирани се следниве артикли:

Вода Храна Хигиенски пакети Бебешки пакети Ќебиња Број на медицинкси интеревенции
3160 шишиња 466 87 36 279 1696
(1.5 литри) пакети пакети Пакети

Медицинските интервенции подразбираат санирање на повреди на долни екстермитети (скршеници, набиеници), посекотини, изгоретини, дехидрирани состојби, повраќање и диареа, колапси, настинки кај деца, алергии, поддршка на бремени жени, транспорт до болниците. Untitled-33

< врати се назад