октомври 6, 2022
Поддршка на мали иницијативи за социјална инклузија на постарите лица
Денес на 06.10.2022 година во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија од страна на Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити беа потпишани 10 договори со здруженија на граѓани за поддршка на мали проекти за имплементации на активности за социјална инклузија на постарите лица.
Проектот „Зајакнување на отпорноста на стари лица и лица со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“е поддржан од Црвен крст на РСМ, Европска Унија, Црвен крст на Србија, Австриски Црвен крст и Австриска агенција за развој.