Поддршка за бездомниците
Во период од 06.12.2017 до 31.01.2018 година заради екстремно ниските температури беше отворено Прифатилиштето за преноќување секој ден од 20:00 часот навечер до 08:00 часот наутро. Во овој период вкупно беа реализирани 692 ноќевања од страна на 40 бездомници кои воедно добиваа и оброк со топол чај.
Од вкупно 692 ноќевања,610 ноќевања се реализирани од страна на мажи и 82 ноќевања од страна на жени. Од вкупната бројка на 40 бездомни лица, 34 лица се мажи, додека 6 лица се жени. Од нив 11 лица за првпат се дојдени во пунктот да ги добијат потребните нешта кои им недостасуваат.
Воедно беа ангажирани тимови кои беа 24 часа спремни да реагираат на терен по дојава на лица најдени на улица во лоша здравствена состојба од страна на граѓани, полиција, брза помош, клинички центар и слично. На терен беа реализирани 9 интервенции. Вкупно ангажирани лица од страна на Црвениот крст за студениот бран беа 42 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи.
При екстремно ниските температури во пунктот за бездомници 4 скопски ресторани донираа топла чорба за оваа целна група како и голем број на приватни лица кои помогнаа со топла облека и храна за оваа ранлива категорија. Од страна на Црвениот крст работно ангажирани беа три бездомни лица на кои воедно им се помогна и со плаќање на месечните кирии за домување до регулирање на нивниот статус како вработени лица.