декември 15, 2020
Помош и поддршка таму каде е потребно
„Црвениот крст на Република Северна Македонија преку Општинските организации активно го реализира Акцискиот план на Владата на РСМ за справување со КОВИД19. Општинските организации на Куманово, Неготино и Штип дадоа поддршка на здравствениот систем преку поставување на шатори на Црвен крст како чекални пред медицинските установи во Куманово, Неготино и Штип, а Општинската организација на Струмица со свој логистички тим даде поддршка на Дирекцијата за заштита и спасување во поставување на шатори во Струмица.“