октомври 21, 2015

ПОМОШ НА МИГРАНИТЕ

На 20.10.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 1751 лица им беше укажана прва помош и беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 2079 шишиња вода за пиење, 66 пакети со прехрамбени продукти, 312 мини пакети со прехрамбени продукти, 12 пакети со хигиенски средства, 58 кутии со бисквити, 13 кутии млеко за бебиња, 9 шишиња за бебиња, 20 пакувања чоколадно млеко, 14 пелени за бебиња, 14 бебешки сетови, 103 ќебињa, 495 мантили за дожд, 4 церади и 1лице е транспортирано од Камен 59 до Винојуг.

< врати се назад