октомври 16, 2015

ПОМОШ НА МИГРАНТИТЕ

На 15.10.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 848 лица им беше укажана прва помош и беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 2814 шишиња вода за пиење, 124 пакети со прехрамбени продукти, 9 пакети со хигиенски средства, 26 кутии со бисквити, 7 кутии млеко за бебиња, 101 пакувања чоколадно млеко, 49 пакети со пелени за бебиња, 22 бебешки сетови, 224 ќебињa и 11 лица се транспортирани до болница.

< врати се назад