октомври 27, 2015

ПОМОШ НА МИГРАНТИТЕ

На 26.10.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 1145 лица им беше укажана прва помош и беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 1600 шишиња вода за пиење, 333 пакети со прехрамбени продукти, 150 сендвичи донација од Прокредит Банка, 8 пакети со хигиенски средства, 6 кутии со бисквити, 4 кутии млеко за бебиња, 25 пакувања чоколадно млеко, 8 бебешки сетови, 2 пакети за прва помош, 12 пелени за бебиња, 507 ќебињa и 3 лицe е транспортирани до болница.

< врати се назад