ПОМОШ НА МИГРАНТИТЕ КОИ ТРАНЗИТИРААТ НИЗ МАКЕДОНИЈА
Црвениот крст на РМ активно е вклучен во обезбедување помош на мигрантите кои транзитираат низ Македонија. Седум мобилни тима составени од лекари, парамедици, логистика и волонтери 24 часа обезбедуваат поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце.
Исто така секојдневно се обезбедува и помош во средства за хигиена, храна и вода за пиење. 15 волонтери на Црвениот крст од страна на инструктори од УНХЦР од Женева извршија обука за подигање на камп.
Поддршка за мигрантите обезбедија и неколку компании од земјата. За мигрантите секој ден се подготвуваат и сендвичи со донација на производи од компаниите Везе Шари (1т салама), Еко Шар (500 кг. кашкавал) и поддршка на Про кредит банка. Вода за пиење обезбедија Пивара АД Скопје.