Помош на настраданото население од поплавите во Тетово
Во хуманитарните активности на Црвениот крст на Република Македонија за помош на настраданото население од поплавите во Тетово се вклучува и АД Македонска пошта преку хуманитарна акција Недела на хуманост на Македонска пошта „ Да ја покажеме нашата хуманост! “, која од денес до 15 август 2015 година ќе биде спроведена преку поштенските единици во нашата држава. Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани помошта во храна, облека, средства за лична хигиена и дезинфекција ќе можат да ја предадат во сите единици на поштенската мрежа на АД Македонска пошта. Дистрибуцијата на хуманитараната помош ќе ја спроведе Црвениот крст на Рeпублика Македонија во соработка со АД Македонска пошта.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
– Сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
Истовремено, информираме дека Црвениот крст на Рeпублика Македонија ќе ги координира активностите за прием на хуманитарна помош која ќе пристигне во земјата како донација од меѓународни донатори.
Во досегашниот период во хуманитарната акција на Црвениот крст на Рeпублика Македонија обезбедена е помош од повеќе донатори, правни субјекти и граѓани, како што се: Кожувчанка, Пивара, Алкалоид, Мак оил, Стопанска банка, Реплек.
Црвениот крст на Рeпублика Македонија и понатаму ги повикува правните субјекти и граѓаните да ја искажат својата солидарност преку активна поддршка на оваа хуманитарна акција.