август 25, 2021
Помош од Македонски Телеком за граѓаните во опожарените области
Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува голема благодарност до Македонски Телеком за поддршката на нашите сограѓани погодени од пожарите.
За среќа, пожарите стивнаа, но нанесоа голема материјална и емотивна штета. Со донацијата од 2 милиони денари од нашите партнери од Македонски Телеком, компанијата се вклучува во хуманитарните активности на Црвениот крст да се обезбеди соодветна помош на граѓаните кои живеат во опожарените области.