февруари 5, 2018
Поплава во кичевскиот регион
На 3 февруари Кичевскиот регион беше најмногу погоден од поројните дождови кои ја зафатија нашата земја. Заради предизвикани штети евакуирани се 73 лица во спортската сала во Кичево. Црвениот крст на Македонија даде поддршка на Црвениот крст на Република Македонија – Општинската организација Кичево и во заедничка акција дистрибуирани се 50 пакети со храна, 50 пакети со хигиенски производи, 250 ќебиња, 100 душеци, 320 храна во конзерва, облека, чизми како и хигиена за бебиња. Се следи состојбата на терен за понатамошна поддршка на загрозените граѓани.