Посета на Бугарскиот Црвен крст
На покана на Бугарскиот Црвен крст во периодот од 02 до 03 јуни 2023 година, претседателот на Црвениот крст на Република Северна Македонија проф.д-р Ромел Велев и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити учествуваа на 67-ма редовната седница на Генералното собрание на Бугарскиот Црвен крст во Софија.
На седницата на Собранието се обрати Претседателот на Бугарскиот Црвен крст Академик Христо Григоров кој ги поздрави делегатите и гостите на Црвениот крст на Република Северна Македонија и воедно ги запозна со постигнатите резултати на организацијата за 2022 година.
На Собранието се обратија и претседателот на Црвениот крст на Република Северна Македонија проф. д-р Ромел Велев и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити каде изразија голема благодарност на поканата и досегашната соработка помеѓу двете Национални друштва.