Посета на ЦКРМ од страна на делегатот за здравство, Jeyathesan Kylasingam, од Меѓународната Федерација на Будимпешта
јули 13, 2016

Посета на ЦКРМ од страна на делегатот за здравство, Jeyathesan Kylasingam, од Меѓународната Федерација на Будимпешта

На ден 06.07.2016 година, делегатот за здравство, Jeyathesan Kylasingam, од Меѓународната Федерација на Будимпешта го посети Црвениот крст на Р.М. Тој оствари средба со генералниот секретар на Црвен крст на Р.М, д-р. Саит Саити и се заблагодари за неговата срдечна и навремена гостопримливост.

Генералниот секретар на Црвен крст на Р.М, д-р. Саит Саити истакна дека делот на здравствената дејност последнава година било ставено на тест, со оглед на мигрантската криза и транзитирањето на мигрантите низ нашата земја.Црвен крст на Р.М реагирал брзо и соодветно на нивните потреби и барања и со своите волонтери и вработени придонел за успешно и навремено задоволување на нивните потреби и желби. Тој потенцираше дека посетата на господинот Jeyathesan Kylasingam ќе биде од значење за вработените на Црвен крст на Р.М во контекст на споделување на знаења и совети од негова страна во делот на евалуацијата на активностите поврзани со мигрантите. “Кризите служат за надоградба на националните друштва, но не треба да се заборави и домашното население.“ – рече Саит.

Делегатот за здравство, Jeyathesan Kylasingam, изрази задоволство од широката лепеза на активности кои Црвениот крст на Р.М ги спроведува во здравствената дејност. Тој ја изрази својата поддршка во било која област на функционирањето на Црвениот крст на Р.М.

< врати се назад