Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Посета на делегации на Меѓународниот Комитет на Црвен крст и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина

2017-04-13

Посета на делегации на Меѓународниот Комитет на Црвен крст и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина

Во периодот од 11.04 до 12.04 2017 година, Црвениот крст на Република Македонија беше посетен од делегација на Меѓународниот Комитет на Црвен крст предводен од шефот на Регионалната Канцеларија на Меѓународниот Комитет на Црвен крст од Белград Јелена Стајачиќ и делегација на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина од Европската Регионална Канцеларија од Будимпешта предводена од Мете Петерсен, координатор за регионот  и Кристоф Лобри Буланжер, раководител на одделот за миграции.

Претставниците од Движењето остварија повеќе средба со стручните соработници на соодветните програми во Црвениот крст на Република Македонија, и беа примени од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити.  Цел на посетата беше да се продискутира тековната состојба со миграциите во регионот како и обезбедување на поддршка за надградба на капацитети на националното друштво. Претставниците на Движењето ги истакнаа своето задоволство од соработката со Црвениот крст на Република Македонија и најавија програмска поддршка во повеќе сфери во тековната 2017 година како и систематска и континуирана поддршка на програмата за помош на мигранти и ирегуларни мигранти кои поминуваат низ државата. Во разговорите исто така стана збор и околу претстојните подготовки за одржување на статутарните состаноци на Движењето.

Генералниот секретар д-р Саит Саити ги претстави тековните активности на националното друштво и изрази благодарност за севкупната поддршка која ја добива Црвениот крст на Република Македонија од Меѓународниот Комитет на Црвен крст и Меѓународната Федерација.

 

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025