октомври 4, 2017

Посета на делегација на Австриски Црвен крст

Во периодот од 02 до 04 во посета на Црвен крст на Република Македонија се наоѓа трочлена делегација на Австриски Црвен крст предводена од шефот на Одделот за Меѓународна соработка г.дин Валтер Хајек. Во делегацијата исто така е г.дин Едвард Трампуш, шеф на Меѓународните програми и г.ца Ангелика Шерцер, стручен соработник во меѓународниот оддел одговорна за Југоисточна Европа.

За време на посетата делегацијата оствари посета на централната канцеларија при што реализираше средби со генералниот секретар д-р Саит Саити и раководителот на Секторот за програми Сашо Талески и одговорните програмски лица за социјално хуманитарна дејност, здравствено превентивна дејност, млади и финансии.

За време на посетата беа  посетени општинските организации на Црвен крст Гази Баба, Црвен крст Крива Паланка и Црвен крст на град Скопје. Примарна цел на посетата беше разгледување на тековната програмска соработка и детектирање на можности за унапредување на соработката во различни програмски области на двете национални друштва.

На 04 октомври се реализираше и средба со канцеларијата на Европската Унија во Скопје и се оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во Македонија, Маг. Ренате Коблер.

 

< врати се назад