Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Посета на делегација од Националната гарда на Вермонт во Црвен крст на Република Македонија

2017-09-13

Посета на делегација од Националната гарда на Вермонт во Црвен крст на Република Македонија

Денес, на 13ти Септември, 2017 година, делегација од Националната гарда на Вермонт во состав, Кристофер Харик, заменик комесар за јавна безбедност, Полковник Брајан Каванаг, директор на одделот за воена поддршка и Бред Патнауд, проект менаџер, оствари работна посета во централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија каде беше примена од генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, г-дин Саит Саити.
Целта на посетата беше размена на практики и искуства во сферата на превенирање и подготовка во случај на природни катастрофи и научени лекции помеѓу Националното друштво и Националната гарда на Вермонт како и можност за понатамошна соработка и активно вклучување на Црвениот крст на Република Македонија во поглед на спроведување на обуки и вежби за справување со инцидентни ситуации.