Посета на Harald Fugger – Аташе на Австриското министерство за труд и социјална политика
Генералниот секретaр на Црвениот крст на РСМ г-дин Саит Саити денес оствари средба со г-дин Harald Fugger – Аташе на Австриското Министeрство за социјална работа, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.
На средбата присуствуваа г-дин Christian Diemt и г-ѓа Ana Maria Scheithauer претставници на Австрискиот Црвен крст, со кое Црвениот крст на РСМ остварува долгогодишна соработка и поддршка за имплементација на проектни активности.
На средбата се дискутираа актуелни прашања за развој на иницијативи за поддршка на бездомни лица, лица кои се жртви на родово-базирано и семејно насилство, кои може да станат дел од програмите на Црвениот крст. Во однос на проектот, поддржан од Австриското Социјално Министерство „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе“, беше искажано задоволство од досегашните спроведени активности.