февруари 14, 2024
Посета на раководителот на кластер канцеларијата на МФЦК за Централна и Југоисточна Европа
Во периодот 11-13.02.2024 година Црвениот крст на РСМ беше посетен од страна на Раководителот на кластер канцеларијата на МФЦК за Централна и Југоисточна Европа г-ѓа Мариа Кристенсен.
За време на посетата беше остварена средба со Генералниот секретар и стручната служба од Централната канцеларија и Црвен крст на град Скопје каде беа дискутирани можности за поддршка на развојните инцијативи на националното друштво во одговорот на мигрантската криза како и заложбите за имплементација на рамката „Трансформација 28“.