декември 21, 2023

Потпишан меморандум за соработка со Црвениот крст на Косово

На 19.12.2023 година во просториите на Црвениот крст на Косово во Приштина, Претседателот на Црвениот крст на РСМ д-р Ромел Велев и Претседателот на Црвениот крст на Косово г-ѓа Фериде Хисени потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете национални друштва. Организациите имаат повеќегодишно искуство во заемна соработка и истите се заложија за продлабочување и поддршка на иницијативи кои ќе резултираат со подобрена подготвеност и поддршка на ранливите категории кои имаат потреба од хуманитарна помош. За време на настанот се одржа и средба на Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија др. Саит Саити и Генералниот секретар на Црвениот крст на Косово г-дин Агрон Хумоли кои веќе ја договорија првата заедничка активност која е во полето на промоција на хуманите вредности.

< врати се назад