Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Повик за прибирање понуди на мониторинг уреди

2021-10-01

Повик за прибирање понуди на мониторинг уреди

Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамките на проектот

,,Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкорпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители’’, поддржан од Европската унија, претставена преку Европската комисија, го објавува следниот отворен повик за прибирање на понуди:

Набавка и испорака на 60 мониторинг аларм уреди за сервис Итно копче

Архивски број : 0507-864

Целиот оглас со бараните спецификации може да го најдете на следниот линк.

Документацијата која се поднесува во оригинална верзија за повикот треба да е заверена од понудувачот со печат и со потпис на одговорното лице и целосна и точна адреса во затворен плик.

Затворениот плик потребно е да биде адресиран на ЦКРСМ-Архива, на бул. Кочо Рацин бр. 13, 1000 Скопје, со назнака  НЕ ОТВАРАЈ со наведениот архивски број 0507-864, преку пошта или со директно предавање на документацијата на пријавницата на ЦКРСМ.

Рок за доставување на понуди: 25.10.2021 (COB)

# InCARE-Europe #EaSI #LongTermCare

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025