јули 3, 2015

Примена на стандардите за брендирање на Црвен крст на РМ

inf

Црвен крст на Република Македонија во рамки на планираните работилници за примена на Стандардите за брендирање на Црвен крст на РМ со акцент на насоките за употреба на стадардите за брендирање на Црвен крст на Република Македонија, на 03.07.2015 година одржа рабoтилница со претставници на Црвен крст на град Скопје и Општински организации на Црвен крст.

Целта на работилницата беше унифицираната примена на стандардите за брендирање од страна на сите субјекти во организацијата за придонес кон функционално единство, унифициран дизајн, видливост и препознатливост во земјата, но и пошироко.

Стандардите за брендирање на националното друштво ја имаат улогата на пропишани правила за изедначен облик, големина, квалитет, контрола и начин на следење на примената на логото на Црвен крст на Република Македонија.

Учесниците дадоа голем придонес во дискусијата која се водеше за оперативната примена на Стандардите за брендирање на Црвен крст на РМ и изразија задоволство за ваков вид на интерактивна работилница, каде доаѓаат до израз предлозите,сугестиите, забелешките, кои ќе се земаат во предвид во надградба на документот.

< врати се назад