Примена на стандардите за брендирање на Црвен крст на РМ
Црвен крст на Република Македонија на 09.04.2019 година во Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Битола одржа работилница која беше наменета за Општинските организации на Црвен крст: Битола, Ресен, Охрид, Крушево, Прилеп, Кавадарци, Демир Хисар, Неготино за примена на Стандарди за брендирање на Црвен крст на РМ –Насоки за употреба на стадардите за брендирање на Црвен крст на Република Македонија.
Стандардите за брендирање на националното друштво ја имаат улогата на пропишани правила за изедначен облик, големина, квалитет, контрола и начин на следење на примената на логото на Црвен крст на Република Македонија.
Целта на работилницата беше унифицираната примена на стандардите за брендирање од страна на сите субјекти во организацијата за придонес кон функционално единство, унифициран дизајн, видливост и препознатливост во земјата, но и пошироко.