Проекти
Изминатиот период посебно ја одбележа успешната проектната апликација на Црвениот крст на Република Македонија поднесена и одобрена од Фондот за интензивна надградба на капацитети на Меѓународната Федерација. Црвениот крст на Република Македонија со поддршка на Фондот имплементира активности во период од три години насочени кон понатамошен развој на материјално-техничките и кадровски капацитети на општинско и државно ниво со цел Црвениот крст на Република Македонија поуспешно да се справува со предизвиците со кои се соочува ранливото население во локалните заедници.
Активностите предвидени во проектот започнаа да се имплементираат кон средината на 2008 година во три програмски области и тоа: градење на ефикасен информативен менаџмент систем, менаџмент на волонтери и вработени и мобилизирање на фондови. Покрај средствата обезбедени од Фондот за интензивна надградба на капацитети обезбеден од Меѓунардоната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, сите активностите кои се реализираа во наведениот период, но и во следните две години се поддржани и од Фондот за Развој на Црвениот крст на Република Македонија, при што Црвениот крст на Република Македонија се јавува како полноправен партнер на Меѓународната Федерација во реализацијата на проектот во интерес на обезбедување одржлив развој за општинските организации на Црвен крст.
Успешната имплементација на проектот за интензивна надградба на капацитети резултираше со нови иницијативи за зајакнување на капацитетите на општинските организации на Црвен крст кои беа имплементирани, како подготовка за продолжување на ИНК процесот по завршувањето на проектната поддршка од страна на Фондот за надградба на капацитети на Меѓународната Федерација.
Мобилизирањето на волонтери од локалните заедници за покривање на локалните потреби е една од приоритетните задачи за секое национално друштво. Токму заради тоа Нацоналното друштво во рамките на проектот Интензивна надградба на капацитети се зафати со развивање на нови форми и модели за привлекување и задржување на волонтери за спроведување на секојдневните активности, а истовремено вложи напори за поефикасно менанаџирање на службата во насока на подобро организирање, раководење и управување со човечките ресурси и финансиски менаџмент заради остварување на целите на организацијата на ефективен и ефикасен начин.