Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Проекти

2013-07-02

Проекти

Проектната имплементација во делот на информативен менаџмент систем инкорпорира повеќе активности насочени кон воспоставување на ефикасен информациски менаџмент систем што ќе обезбеди, побрз проток на информации, зголемена транспарентност и автоматско обработување на податоците на сите интегрални делови на националното друштво. Со оваа проектна активност е воспоставена компјутерска мрежна инфраструктура и електронско поврзување на Централата на Црвениот крст на Република Македонија со општинските организации на Црвен крст. Функционалните цели кои треба да произлезат како крајни ефекти од информативниот менаџмент систем се изградена електронска мрежна структура на организацијата, континуиран преглед на информации за ресурси, настани и спроведени активности, он лине фото галерија, анализа на демографски и други организациски карактеристики, структура и организација на кадровски и материјално-технички ресурси, анализа и извештаи на организациските единици, програми, проекти и активности. Процесот на мрежно поврзување на организацијата е завршен во 2008 година со набавка на потребната серверска опрема и софтвер.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025