„Промотивен настан за проект „Безбедни училишта и градинки“ и национални препораки за застапување за намалување на ризици од катастрофи, прва помош и психосоцијална поддршка во случај на катастрофи“
На ден 29.01.2021 година, преку ZOOM платформата се одржа завршен настан за проектот „Безбедни училишта и градинки“ поддржан од ЕРАЗМУС+ програмата на кој се презентираа проектните резултати како и Националните препораки за застапување за намалување на ризици од катастрофи, прва помош и психосоцијална поддршка во случај на катастрофи во образовни институции.
Црвениот крст на Република Северна Македонија континуирано работи на зајакнување на капацитетите на образовните институции и намалување на ризиците од катастрофи. За таа цел, во рамките на регионалниот проект „Безбедни училишта и градинки“ поддржан од ЕРАЗМУС+ програмата беа подготвени Европски и Национални препораки за застапување за намалување на ризици од катастрофи, прва помош и психосоцијална поддршка во случај на катастрофи во образовни институции.
На работилницата учествуваа беа поканети и 110 учесници, претставници на Министерството за образование, Бирото за развој на образование, Дирекција за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, Воената Академија, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност како и преставници на образовни институции (градинки и основни училишта) од цела држава. Учесниците преку размена на мислења и искуства дадоа допринос во доработување и финализирање на препораките како и предлози за понатамошно системско и инстутуционално решавање на намалувањето на ризиците од катастрофи.
Од страна на институциите, наставниците и стручните лица беше изразена благодарност за подготовка на материјалот во проектот со посебен акцент на платформата за намалување на ризици од катастрофи, прва помош и психосоцијална поддршка како и каталогот со ресурси кои ќе бидат од исклучително значење и поддршка на наставните содржини и подготовка и реализација на активности во соработка со Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје.
Настанот беше организиран од страна на Оперативниот центар за одговор при катастрофи на ЦКРСМ со цел поттикнување и зајакнување на соработката со сите партнери, институции и засегнати страни.