Промоција на книга „Приче из нашег млина“ од Бранка Дувњак и Славица Галиќ
На 8 април 2023 година, во Општина Охрид, се одржа промоција на книгата „Приче из нашег млина“ од авторките Бранка Дувњак и Славица Галиќ. Овој настан беше организиран од Црвен крст на Република Северна Македонија, во соработка со Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Загреб, Хрватска и Oпштина Охрид.
„Приче из нашег млина“ е книга за школата за медицински сестри Млинарска во Загреб, прва во земјата во тоа време, за годините на нивното образование, за професионалната пракса на загрепските клиники, за медицинските сестри воопшто.
На промоцијата беше и генералниот секретар на ЦКРСМ д-р Саит Саити кој исто така кажа дека тие не бараат пофалби и не чекаат признанија. Непоколебливо и покрај се продолжуваат со својата неверојатна работа. Внесуваат нов живот во нашиот свет. Со својата работа демонстрираат една и единствена вистина, дека и покрај сите лекови и напредок на модерната медицина, човечкиот акт на љубезност се лекот кој ги менува животите. Таквата промена го менува и светот на подобро.Со ова придонесуваат кон истакнување на големата улога која ја има сестринската фела во целокупниот здравствен систем.
Како и Анри Динан, чија визија да го создаде Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина е родена на бојното поле во Солферино, Италија во 1859 година, искуството на Флоренс Најтингел за време на Кримската војна (1854-1856) не само што ја инспирира нејзината работа да ја трансформира здравствената грижа, туку и помага во поставувањето на основите за работата на националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина при извршувањето на традиционалната задача да се грижат за ранетите и болните припадници на вооружените сили. Всушност, Анри Динан самиот вели дека примерот што го дала Флоренс Најтингел ја инспирирал неговата работа да го основа Црвениот крст.