Проценка на капацитетите на Општинската организација на Црвен крст Куманово
Од 20-21 февруари се реализираше Проценка на организациските капацитети на Општинската организација (ПОКОО) во Општинската организација на Црвен крст Куманово. 11 члена од организацијата, вработени, волонтери, претставници на раководен одбор, претставници на локална самоуправа преку свое искуство имаа можност да дадат свој придонес за идентификација на важни области во кои треба да има напредок и развој на Општинската организација со цел креирање на силна организација.
Успешно се подготви развоен план за период од една година преку кој ќе се постигне подобрување и поголема вклученост на заедницата во креирање на планови и активности согласно потребите на истите.
Честитки до сите вклучени од Општинска организација на Црвен крст Куманово за успешно спроведување на процесот.
Инаку ПОКОО или Branch organizational capacities assessment (BOCA) претставува инструмент развиен од Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, кој има за цел преку структуриран начин да овозможи самопроцена на Општинската организација за 34 организациски области во работењето, да се препознае нивото на кое се наоѓа во контекст на овие области, да утврди приоритети за развој за наредната година и подготви план за развој на Општинската организација.