Проценка на организациски капацитети на Општински организации
Во периодот 11-14.07.2023 година, во хотел „NH Budapest City” во Будимпешта, се одржа обука на тренери за „Проценка на организациски капацитети во општинските организации“ на која учествуваа 19 избрани претставници од Национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина од Европа и Централна Азија, а од Црвен крст на РСМ учествуваше Владимир Вукелиќ. Проценка на организациски капацитети во општинските организации (ПОКОО) – Branch organizational capacities assessment (BOCA) претставува инструмент развиен од Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, кој има за цел преку структуриран начин да овозможи самопроцена на општинската организација за 34 организациски области во работењето, да се препознае нивото на кое се наоѓа во контекст на овие области, да утврди приоритети за развој за наредната година и подготви план за развој на општинската организација.
Во рамките на обуката се разработуваа теми како да се обучуваат фасилитатори за спроведување на Проценки на организациски капацитети на општински организации, техники за одржување на сесии на обуки со фасилитатори, процес на подготовки на Национални друштва за имплементација на ПОКОО, споделување на позитивни практики од имплементација во други НД, промоција на дигитални платформи на МФЦК за следење на имплементација на ПОКОО и создавање на мрежа на тренери во Европа и Централна Азија.
По завршената обука тренерите стануваат дел од поширок список на тренери на МФЦК кои ќе можат да спроведуваат обуки за потреби на Националните друштва за имплементирање на ПОКОО, а истовремено можат да ја поддржат имплементацијата во рамките на своите национални друштва.