јуни 14, 2024

ПРОЦЕНКА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ КАПАЦИТЕТИ ВО ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ ДЕМИР ХИСАР

Во периодот од 10-11.06.2024 година тимот од тројца обучени фасилитатори беа во посета во Општинската организација на Црвен крст Демир Хисар каде ја спроведоа Проценката на организациски капацитети (ПОКОО). Тимот од ООЦК Демир Хисар во мешовит состав од вработени лица, членови на раководната структура, волонтери и млади од организацијата броеше 10 членови. Заеднички водени од фасилитаторите успешно ги поминаа сите задачи и вежби од алатката ПОКОО развиена по методологија на  Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. Тимот од ООЦК Демир Хисар ја позиционираше моменталната состојба на организацијата, ги идентификуваше приоритетите за развој, креираше план со активности за периодот од следните 12 месеци и се стекна со сертификат за успешно спроведена Проценка на организациските капацитети на ООЦК Демир Хисар.

Во текот на следниот период од 12 месеци по завршувањето на проценката ООЦК Демир Хисар ќе го имплементира планот на активности во согласност со предвидената динамика. За сите реализирани активности и прогресот на имплементација на истите ќе известува до Централната канцеларија на ЦКРСМ преку периодични извештаи.

< врати се назад