октомври 7, 2021

Тренинг за психолошка прва помош и психо-социјална поддршка

Во периодoт од 03 – 06 Октомври 2021, Црвениот крст на Република Северна Македонија со поддршка на Меѓународната Федерација на друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина организираше тренинг за вработени и волонтери –психолози, терапевти, социјални работници, доктори по општа медицина и останати медицински лица за пружање на прва психолошка помош во итни и хуманитарни ситуации и мирнодопски услови.

Психосоцијалната поддршка која се базира на заедниците вклучува прва психолошка прва помош, групи за поддршка, воспоставување на безбедни и пријателски простори за деца, едукација за реакции и механизми на справување со загуби и стресни ситуации, подигнување на свеста во заедницата и грижа за волонтерите и вработените во кризни и мирнодопски услови.

Овие тренинзи се дел од стратегијата на Црвениот крст на РСМ за фасцилитирање и зајакнување на природната резилиентност на луѓето на индивидуално и колективно ниво, а се составен дел од моделот за психо-социјална поддршка кој Црвениот крст планира да го воспостави на сите нивоа и активности во националното друштво. Во изминатата година се спроведоа онлајн едукации од областа на ППП и ПСП, а со цел поддршка на волонтери на вакциналните пунктови.

 

< врати се назад