ноември 26, 2021

ПСИХОСОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА ЗА СЕМЕЈСТВАТА ПОГОДЕНИ ОД АВТОБУСКА НЕСРЕЌА ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамки на системот за Психосоцијална Поддршка и Психолошка Прва Помош обезбедува психосоцијална поддршка за семејствата погодени од несреќата во 23.11.2021 во Република Бугарија.

Црвен крст е во контакт и координација со стручни тела и и отвара комуникациски канал преку кои членовите на семејствата и лицата засегнати од незгодата можат да добијат целосна и ефикасна специјализирана психолошка поддршка од лиценцирани психолози и стручни лица.

< врати се назад