РАБОТИЛНИЦА ЗА КОМУНИКАЦИЈА, АДВОКАТИВНОСТ И ЛОБИРАЊЕ
Во рамки на проектот за Активно стареење финансиски подржан од ЕРСТЕ фондација и Австрискиот Црвен крст, беше реализирана дводневна работилница за комуникациски вештини, адвокативност и лобирање наменета за старите лица, одржана во просториите на Црвениот крст на Република Македонија на 24 и 25-ти октомври 2013 година. Преку овој проект Црвениот крст на РМ, се залага за зголемување на социјалната вклученост на старите лица како целна група во сите сфери на општественото живеење.
Главната цел на оваа работилница беше старите лица претставници од трите града Скопје, Крива Паланка и Велес да се обучат и да се стекнат со вештини, знаење за развој и имплементација на активности за подигнување на свеста и адвокативност на локално ниво за нивните потреби и права на локално ниво. Преку имплементација на вакви активности кои се развиени од самите стари лица и наменети за самите нив, потребно е да се зголеми социјалната партиципација на старите лица во општествениот живот. Друг позитивен ефект кој се очекува да резултира е инволвирање на старите лица во борбата за нивните права и потреби и залагање за остварување на истите