Работилница за кризно комуницирање
Црвениот крст на Република Северна Македонија ( ЦКРСМ) на 24 септември 2019 со поддршка на Меѓународниот Комитет на Црвен крст (МКЦК) организираше работилница со вработени и волонтери на Црвениот крст со цел да се унапреди меѓусебната соработката и да се споделат информации поврзани со информирањето и комуницирањето при кризни состојби.
На работилницата беа претставени различни аспекти поврзани со функционирањето на Меѓународното Движење на Црвениот крст особено активностите за навремени и правилно информирање и комуникации при кризни состојби.
Црвениот крст на Република Северна Македонија, како најголема хуманитарна организација во државата, презентираше искуства за механизам / поставеност на структурите во ЦКСМ за справување со вонредни ситуации/ кризи од перспектива на комуникација.
На работилницата свое излагање имаше Мајлинда Мустафа одговорна за односи со јавност при ЦКРСМ, заменик шефот на Регионалната Делегација на Меѓународниот Комитет на Црвениот крст – Белград, г-ѓа Гордана Миленковиќ, и Сања Иваниш – офицер за комуникации при МКЦК.
Работилницата беше пропратена со отворена дискусија при што учесниците на работилницата дискутираа за различни прашања поврзан со работата на Црвениот крст и информирањето при кризни состојби.