Red Cross Shape
Работилница за мотивација и унапредување на доброволното крводарителство

2019-09-19

Работилница за мотивација и унапредување на доброволното крводарителство

Во организација на Црвениот крст на Република Северна во периодот од 13-15.09.2019 година во Струга се одржа работилница за мотивација и унапредување на доброволното крводарителство во РСМ. На работилницата учествуваа и млади мотиватори од Црвен крст на Албанија и Црвен крст Нови Сад.

Главната цел на работилницата беше едукација, мотивација и унапредување на доброволното крводарителство во РСМ, привлекување на млади и првократни дарители, и зголемување на бројот на крводарители.

Содржините од програмата беа презентирани врз основа на принципите на учење на возрасни преку: презентации, споделување на искуства, играње на улоги, вежби и можност за активна партиципација на учесниците.

Други вести

Одржан регионален натпревар по прва помош за Регион 1 за 2026 година
Честит 8 Мај – Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина
Црвениот крст доби плакета од МВР по повод Денот на полицијата

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom