јануари 30, 2018
Работилница за намалување на ризици од катастрофи
Во организација на Црвен крст на Хрватска и Австрискиот Црвен крст, во периодот од 25-26 јануари 2018 година во Загреб се одржа работен состанок на координаторите за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи
На работниот состанок присуствуваше и претставник од Црвен крст на РМ со цел размена на практики и искуствата на националните друштва од регионот како и подготовка на идни планови на полето за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи, со цел да се селектираат тематските области на планот за менаџмент со катастрофи за подготовка на проектна апликација како и имплементација на DRIS (информатички систем за ризици од катастрофи ) на национално ниво.