јуни 7, 2022

Работилница за научени лекции од справување со КОВИД-19 пандемијата

Во периодот  од 03-05 јуни 2022 година, Црвениот крст на РСМ во центарот за едукација Солферино, Струга спроведе работилница на темата „Научени лекции од справување со КОВИД-19 пандемијата“. Работилницата е во рамките на проектот „Поддршка на процесот на КОВИД-19 вакцинација во Северна Македонија“ поддржан од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Регионална канцеларија за Европа.

На работилницата  учествуваа волонтери и вработени од 19 Општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје кои беа вклучени во активностите кои ЦКРСМ ги презема за поддршка на ранливо население за време на КОВИД-19 пандемијата. Преку оваа работилница учесниците ги зајакнаа своите знаења и вештини за подготвеност и делување во кризни состојби и дадоа свој придонес во дефинирање на научени лекции од справување со КОВИД-19 пандемијата.

 

< врати се назад