јули 6, 2015

Работилница за одржливост на програмите за превенција од Туберкулоза и ХИВ/СИДА

sl

Во периодот од 29-ти јуни до 01 јули во тренинг центарот Солферино беше реализирана работилница за одржливост на програмите за превенција од Туберкулоза и ХИВ/СИДА кои се финансирани од Министерството за здравство со средства на Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА Туберкулоза и маларија.

На работилницата присуствуваа претставници од неколку невладини организациии, претставник од Хрватска поточно од Хрватскиот Црвен крст д-р Синиша Зовко и претставници на Црвениот крст на Р.Македонија.
Работилницата беше организирана со цел да се даде придонес во начинот на изнаоѓање на решение за одржливост на овие програми чие финасирање од страна на Глобалниот Фонд е до крајот на наредната година, да се запознаат со искуството кое Хрватска го имала во транзитниот период од престанување на финансирањето од страна на Глобалниот Фонд и превземањето на истото од страна на Министерството за здравство и начинот на кој во оваа држава е решен овој проблем.
Учесниците на работилницата исто така имаа можност да се запознаат со програмите за Намалување на штети од употреба на дроги во Хрватска, Невладините организации активни на ова поле и нивните активности, начинот на нивното финансирање од страна на Министерството за здравство, можности за изнаоѓање на нови извори на финансирање за ваквиот вид на програми, подготовка на проекти, можностите и позитивното искуство за мобилизирање на фондови од корпоративниот сектор кое го има Црвениот крст на Р.Македонија итн.

< врати се назад