Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Работилница за развој на СОП

2022-03-21

Работилница за развој на СОП

Од 18 до 20 Март, во Центарот Солферино-Струга, се одржа работилница за развој на Стандардни оперативни процедури (СОП) за готовински трансфер и поддршка преку ваучери во рамки на проектот ,,Зајакнување на отпорноста на стари лица и лица со попреченост за време на Ковид-19 и идни катастрофи“.

Во работната група за изготвување на документот, беа вклучени претставници од стручната служба на Црвен крст на РСМ, претставник од стручната служба на ЦК на град Скопје како и секретарите на Општинските организации на Црвен крст Охрид и Битола.

Овој документ е од особено значење за нашето Национално друштво бидејќи со него ќе се воспостави систем и регулирани ќе бидат процедурите за примена на алатката за готовински трансфер и поддршка преку ваучери за помош на ранливи целни групи.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025