септември 10, 2015

Работилница за укажување на прва помош при предозирање од употреба на дроги и психоактивни супстанции

Во рамки на проектот Одржување на ниска преваленца на ХИВ во Р.Македонија во просториите на Црвен крст на Р.Македонија на 09.09.2015 година беше реализирана работилница за укажување на прва помош при предозирање од злоупотреба на дроги и психоактивни супстанции. Учесници на работилницата беа претставници од центрите кои работат на проектот за Намалување на штети од употреба на дроги од Кичево, Велес и Прилеп, но и директни корисници на услугите.

2020

Главната цел на оваа работилница беше стекнување на знаења и вештини за препознавање на знаците и симптомите при предозирање, превентивните мерки кои можат да се применат за да се намали можноста за предозирање како и практично укажување на прва помош кај лице кај кое настанало предозирање, информации во однос на употребата на антидотот кој се користи во овој случај т.е со Налоксонот, неговите особености начин на дејство, апликација, бенефитите од неговата употреба итн. Работилницата беше реализирана во соработка со доц. д-р Лилјана Игњатова од Центарот за превенција и третман од злоупотреба на дрога и др Анета Тргачевска од Црвениот крст на Р Македонија.

2021

< врати се назад