јуни 27, 2023

Работилница за брза проценка на пазарот

Како дел од регионалниот проeкт „Зајакнување на отпорноста на старите лица во случај на катастрофи и итни состојби“ поддржан од Европската Унија во партнерство со Австриски ЦК, во периодот од  19-23 јуни 2023 година, во Беград, Република Србија беше реализиран тренинг за брза проценка на пазарот (RAM training). На истиот учествуваа три претставници од Црвен крст на РСМ – 2 координатори на проектот кој се имплементира во нашето Национално друштво и претставник на Црвен крст на град Скопје, кои работат и на имплементација на алатката за поддршка на корисници преку финансиска поддршка или поддршка преку вредносни ваучери.

На тренингот претходеше и работилница за научени лекции и препораки за идни активности за претставниците на организациите на Црвен крст кои имплементираат активности во рамки на регионалниот проект.

< врати се назад