Работилница за зајакнување на мрежите за застапување за долготрајна нега
На покана на Европската платформа за возрасни (AGE Platform Europe) и Европскиот форум за попреченост (European Disability Forum) партнерите на Регионалниот проект „Зајакнување на отпорноста на старите лица во случај на катастрофи и итни состојби“ поддржан од Европската Унија во партнерство со Австриски ЦК, учествуваа на втора обука за зајакнување на мрежите за застапување за долготрајна нега. Работилницата се одржа од 18-20 септември 2023 година во Брисел. На работилницата учествуваа претставници на Црвениот крст на Србија, Црвениот крст на Албанија, Црвениот крст на Црна Гора, Здружението за помош и развој „Хајде“ од Босна и Херцеговина, Црвениот крст на Република Северна Македонија и Здружението Хуманост.
Целта на обуката беше да се зацврстат знаењата за застапување, преку која учесниците треба да идентификуваат други здружение на граѓани кои ќе бидат вклучени во застапување, да се стекнат знаења да се развијат барања и пораки за застапување до ЕУ и соодветни институции во државите во однос на имплементација на процесот на преговори за пристапување во ЕУ.
На работилницата секој партнер вклучен во проектот го претстави својот План за адвокативност, подготвен врз основа на препораките дадени во истражувањето за пристап до долготрјаната нега во државите.