мај 12, 2022

Работна средба со претставници од медиуми за процесот „Трансформација 28“

На 12.05.2022 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија се одржа работна средба со претставници од медиумите за најава и претставување на процесот „Трансформација 28“.

Целта на средбата беше да се дефинираат областите на процесот кои треба да се засноваат на транспарентност и отчетност пред сите корисници, партнери и поддржувачи за што од искучително значење е вклученоста и консултирањето со претставниците од медиумите.

Учесниците на работната средба низ дискусии дадоа придонес со својата ескпретиза и искуство во можностите за јакнење на видливоста на работата на Црвениот крст на РСМ во заедницата.

 

< врати се назад