април 23, 2024
Реализирани обуки за судии на натпревари по прва помош
Црвен крст на Република Северна Македонија во период од 11-22.04.2024 година во просториите на ЦКРСМ и ДХО „Даре Џамбаз“ одржа три обука за судии на натпревари по прва помош.
На обуките присуствуваа вкупно 91 кандидат од 32 Општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје. За време на обуките кандидатите земаа активно учество во практичниот дел од обуката, истовремено покажаа голем интерес и знаење што доведе до успешно спроведување на наставата.
Со овие обуки Црвениот крст на РСМ има за цел да ги зајакне капацитетите на предавачите и демонстратори на курсевите по прва помош и да обезбеди унифициран пристап во судењето на натпреварите по прва помош.