Регионална работилница за управување со катастрофи
Во периодот од 21 – 23.11.2018 година во Тренинг центарот на Црвен крст Солферино во Струга, Република Македонија, се одржа регионална работилница за управување со катастрофи и на истата присуствуваа 22 претставници од Црвен крст на Република Македонија, Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина, Меѓународен Комитет на Црвен крст, Црвен крст Бугарија, Црвен крст Албанија, Црвен крст на Србија, Црвен крст Црна Гора, Црвена Давидова ѕвезда на Израел и Центар за управување со кризи на Република Македонија
Главна цел на работилницата беше одговор на НД на Црвен крст во случај на поплави кои се случуваат истовремено во повеќе држави, размена на искуства и продлабочување на соработката помеѓу претставници на Националните Друштва како и надградување на знаења преку обука за користење на NICS ( Next-Generation Incident Command System ).
Сесиите на работилницата се реализираа на интерактивен начин преку размена на искуства и работа во групи. Темите/сесиите кои се разработуваа за време на работилницата се: NICS ( Next-Generation Incident Command System ), Поплави во Подготовка на документи за меѓународна помош ( ДРЕФ и АПЕЛ ), Презентација на претставник на Меѓународен Комитет на Црвен крст.