октомври 20, 2022

САИТ САИТИ ОДРЖА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА РСМ ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА МИЛАИМ ФЕТАИ

На 20.10.2022 година во Загреб Р. Хрватска, Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити одржа средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска д-р Милаим Фетаи.

На средбата се разговараше за активностите на Црвен крст на РСМ со особен акцент на соработката со Хрватскиот Црвен крст.

Амбасадорот Фетаи истакна задоволство од презентираното и подготвеност за понатамошна поддршка на успешната соработка во иднина помеѓу двете национални друштва.

< врати се назад