мај 17, 2023

Самостоен стручен соработник за правни и советодавни работи

Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи,  го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

 

Централната канцеларија на Црвениот крст на Република Северна Македонија има стручна служба која брои повеќе од 25 вработени кои работат на обезбедување на поддршка, координација и мониторинг на работата на општинските организации.

 

Назив на работното место: Самостоен стручен соработник за правни и советодавни работи


Локација
: Црвен крст на Република Северна Македонија

Адреса: Бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје  

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома за завршен правен факултет
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутер MS Office (Word, Excel, Powerpoint), интернет и мејл апликации
  • Работно искуство најмалку две години
  •  

Други професионални квалификации, способности и вештини:

  • Комуникативна и позитивна личност
  • Организациски и аналитички способности
  • Способност за презентација и адаптација на работните услови
  • Критичко размислување
  • Тимски работник
  • Мотивиран за работа
  • Иновативен и креативен
  • Познавање на развојните стратегии и политики во областа
  • Чувство за мултикултурализам и недискриминација

Работни цели: Креирање на политики и програми и спроведување на нормативни акти во функција на организациска поддршка на управната и раководната структура

 

Опис на работното место

Работни должности:

–           Подготвува нормативни акти во функција на организацијата

–           дава предлози и врши стручни анализи за прашања кои се од значење за примената на законодавството за Организацијата;

–           се грижи за почитување и толкување на одредбите од Законот и Статутот на Црвениот крст на Македонија и интерните акти на ЦКРСМ;

–           подготвува акти за потребите на Собрание и Раководен одбор на ЦКРСМ и се грижи за нивно доследно почитување;

–           ги организира седниците на Собрание и Раководен одбор на ЦКРСМ

–           ги следи позитивните законски прописи кои се од интерес за организацијата и ги информира ООЦК и ЦКГС;

–           дава поддршка и ја следи примената на донесените интерни акти на ЦКРСМ и ги доставува до ЦКГС и ООЦК;

–           води грижи за имплементација на политики за безбедност и здравје при работа во соработка со лицето одговорно за човечки ресурси;

–           организира обуки и  советување на ООЦК и ЦКГС за дисминирање на нормативни акти;

–           дава правни совети за работењето на Службата за барање;

–           подготвува работни материјали за состаноци на комисии;

–           дава стручна помош и совети  и соработува во остварувањето на останатите надлежности од својот делокруг за имплементација на донесените одлуки и заклучоци;

–           предлага план за застапување и учествува во неговата изработка;

–           го информира раководителот за сработените активности усно или писмено;

–           ги советува од правен аспект Генералниот Секретар, Претседателот и Раководниот одбор во врска со донесувањето на одлуки, заклучоци и други интерни акти;

–           се грижи за заштита на лични податоци

–           редовно ги следи промените во законската регулатива, стратегиите  и политиките на надлежните Министерства и Владата;

Нето плата:  35.000,00 денари

Можност за напредок во кариерата и дополнителни бенефиции.
Инструкции како да се аплицирате :

Испратете ваша кратка биографија и мотивациско писмо (ЗОШТО да Ве викнеме токму Вас на интервју) на е-маил: admin.asistent@redcross.org.mk. и asistent@redcross.org.mk

Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју во рок од 10 дена.

Огласот трае до  28.05.2023  година.

Ве очекуваме.

< врати се назад